Корисници ги преплавија социјалните мрежи барајќи одговор од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали неговите службеници воопшто сносат одговорност.
Лавината реакции ги покрена фотографијата, на која се гледа како службено возило на МВР, во еден од познатите скопски трговски центри, е паркирано на место, кое е јасно означено дека е наменето за лица со инвалидитет.
Откако ја презеде функцијата прв човек на полицијата, министерот Спасовски неколку пати најавуваше дека ќе има одговорност за сите припадници на МВР, кои ќе се огрешат пред законот, но засега одговор за фотографијата која направи „бум“ на социјалните мрежи сѐ уште нема.