При претресот во домот и помошен објект на З.Р.(73) во Шипковица синоќа се пронајдени 46 вреќи со земја во кои имало 51 непознато зелено растение.
Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, станува збор за зелени растенија со височина помеѓу 10 и 15 сантиметри, 150 пластични чаши од јогурт наполнети со ситна земја, од кои во пет имало изникнати непознати зелени растенија со височина од околу три сантиметри, како и пластична кутија со непознат растителен семенски материјал.
Како осомничен дека ги одгледувал растенијата е синот на сопственикот Х.Р.(42) кој засега не е пронајден и по кого се трага. Претресот бил реализиран во консултација и координација со јавен обвинител, а растенијата биле пронајдени во помошен објект до куќата и балконот од третиот кат во куќата што ја користел Х.Р.
– Сето пронајдено е фотодокументирано и со потврда е одземено за вештачење. Х.Р. вчеравечер бил пријавен дека претходно во алкохолизирана состојба извршил семејно насилство врз неговите родители, а се сомничи дека и веднаш потоа ја запалил нивната плевна со добиточна храна, рече Јосифоски.