ФОТО: Хеликоптерска несреќа во Струмица, четворица загинати

Полициски хеликоптер се урна вечерва  oколу 22 часот во близина на Струмица.  Точниот број на патници во хеликоптерот не се знае, но според неофицијални информации загинале две или четири лица. Според првичните информации се работи за несреќен случај.

image (3)

Противпожарните екипи ги гаснат остатоците од хеликоптерот по несреќниот пад, а увидот уште е во тек. Според првичните информации од очевидци на терен, хеликоптерот најверојатно закачил предавателски антени во близина на Кванташкиот пазар во Струмица.

image

Хеликоптерот доаѓал од правецот на Ново Село кон Струмица.