Независното, објективно и професионално медиумско опкружување на Зоран Заев синоќа се собраа на едно место, заедно со лидерот на СДСМ, пишува „Курир“.
Какои што пишува порталот политичките пријатели на Заев, кои според лидерот на социјалдемократите се единствените професионални новинари во земјава, синоќа гордо позираа со првиот опозиционер во едно познато скопско кафуле на плоштадот „Македонија“.
На фотографијата што ја објави порталот заедно со лидерот на СДСМ можат да се забележат ударните опозициски мегафони како Бранко Героски, Ацо Кабранов, Мухамед Зекири, Оливера Трајковска, Петрит Сарачини, Борјан Јовановски, Сашка Цветковска, Сеат Ризвановиќ и низа други.
Откако дел од медиумите објавија за ваватва средба на Заев со „независните“ новинари, истите тие мораа јавно да признаат за да се оправдаат, па Мухамед Зекири на својот ФБ профил објави фотографија од заедничката вечера со лидерот на СДСМ. Покрај Заев, на средбата биле присутни и потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски и ПР стратегот на Заев, Роберт Поповски.
Со ова уште еднаш излегува на површина лицемерието на СДСМ и Заев, кои повеќе од очигледно е дека само декларативно се залагаат за независни медиуми, слобода на говор и деполитизирање на медиумите. Оние новинари кои Заев ги нарекува професионални, објективни и независни, всушност се негови политички пријатели, а првиот човек на опозицијата во пракса го спроведува токму спротивното од она со што секојдневно ја замајува јавноста, пишува порталот.