![poplavi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/poplavi1.jpg?resize=470%2C270&ssl=1)
Борбата со поплавите во Хрватска продолжува бидејќи врвот на водениот бран помина од Карловац, а опасноста се помести на подрачјето кај Сисак. Во поплавените подрачја на Унско-санскиот кантон на БиХ состојбата денеска е подобра од вчера.Во поплавените населби под вода се приближно 250 станбени објекти.
Во Словенија каде што вчера во надојдената вода едно лице го загуби животот, водостојот на реките стагнира, но е прогласен црвен аларм во сливот на Крка, чии што притоки растат. Состојбата со Драва и Мура се смирува.
Градскиот штаб за вонредни ситуации на Приједор прогласи трет степен на опасност од поплави.Поради големите поплави кои ја погодија Хрватска, проблеми има и со железиничкиот сообраќај. Во Словенија вчера едно лице го загуби животот, а за друго се трага. Поради поплавите беа евакуирани 17 лица.
Поради лизгалишта и вода која се излеала на коловозите се уште се затворени голем број на магистрални и локални патишта на источниот дел на Словенија.