(ФОТО) Пораки низ Скопје пред протестот против уставните измени

Бојкотирам уставни измени“. Под ова мото, денес во 18 часот ќе се одржи протест пред македонското Собрание.

Протестот ќе започне во 18 часот.

Организаторите велат дека ова е протест на кој народот ќе го крене гласот против нелегалната промена на името и бришењето на АСНОМ.

Денес низ Скопје се поставени пораки:

 

Најавата за протест, ја пренесуваме во целост:

Во согласност со ПРОГЛАСОТ на #Бојкотирам уставни промени се организира натпартиски и сенароден протест за да го спречиме генерацискиот грев и да ја зачуваме Република Македонија за идните поколенија.

#Бојкотирам уставни промени е народна побуна против легитимизација на историското предавство преку нелегално и фингирано 2/3 мнозинство за промена на уставот на Република Македонија, кое делува спротивно на вољата на народот изразена на референдумот на 30-ти Септември.

Бараме:
– Итно и безусловно запирање на процесот на Уставни промени.
– Еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум.
– Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право.
– Трајна заштита на името на државата, Македонија.
– Распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори.