-1.2 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2024

ФОТО| Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски се венчаше со својата избраничка Соња

Портпаротлот на опзициската ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, вчера вечерта во еден познат скопски локал ѝ се заколна на вечна љубов на убавата струмичанка Соња, со која по неколку годишна врска, лани склучи граѓански брак.

Во меѓувреме, Соња и Димса се остварија во улогата на родители откако како круна на нивната љубов, на свет дојде и малиот Давид кој е во центарот на нивното внимание и е непресушен извор на среќа и задоволство.

Невестата беше совршено стилизирана од глава до пети и промени две венчаници. Првата ја следеше нејзината линија на тело, завршуваше со длабок шлиц а во горниот дел беше оплеменета со безброј пердуви. Косата и беше пуштена и извиткана на бранови.

За музиката беше задолжен македонскиот диџеј Пачно. А младите првиот свадбен танц го одиграа на песната „Just the two of us“.