Во месноста Беровско езеро денес беше поставен камен темелник на нов верски храм посветен на „Св.Пантелејмон“.
Дарител е Благој Механџиски кој по потекло од Малешевијата, а е еден од најголемите македонски донатори и хуманисти.
На поставувањето на камен темелникот присуствуваше и поглаварот на Македонската православна црква господин господин Стефан.
Настанот беше проследен и од голем број верници.