ФОТО| Повеќе повредени во излетување на два воза во Швајцарија

Два регионална воза излетале од шините речиси истовремено во петокот во северозападна Швајцарија при што повредени се повеќе патници

Двата одвоени инцидента се случиле на оддалеченост од неколку десетина километри еден од другиот и во интервал од само дваесетина минути, објави полицијата на кантонот Берн.

Првата железничка композиција излетала околу 16,30 часот по локално време на линијата меѓу Лишерц и Биене, а вториот дваесетина минути подоцна во близина на местото Бирен цум Хоф, изјави портпаролката на кантоналната полиција Флурина Шенк.

Во двете „излетувања“ има повредени, меѓу кои „едно лице најмалку е тешко повредено“, додаде портпаролката.

Интервентните служби, полицијата, итната медицинска помош и пожарникарите работеле уште на местата на несреќите во петокот вечерта.

Полицијата веднаш не може да ги објасни причините за излетувањето на возовите, северно од швајцарската престолнина Берн.

Силни ветрови биле регистрирани во петокот во Швајцарија и можно е тоа да е причината за двата инцидента, објави компанијата регулатори RBS (Regionalverkehr Berne-Soleure).

Во првото излетување „задниот дел од возот се превртил на десната страна“, објасни портпаролката на полицијата. Несреќата се случила на линијата којашто го следи езерото Биенте (или Биел), а со неа управува операторите Aare Seeland mobil (Asm).

Депресијата на југот на Англија во петокот предизвикала силно ветрови во делови од Европа, вклучително и во Швајцарија, истакнуваат од MétéoSuisse.

Најсилните налети на ветрот главно се проследени со обилни дождови и бура. Од MétéoSuisse предупредија дека во текот на попладнето и вечерта се можни ветрови со брзина од 80 до 100 километри на час во низинските, односно од 100 до 140 километри на час во планинските предели.

Швајцарија е позната по својата многу густа железничка мрежа, со чести линии и блиска мрежа. Земјата наменски ја посетуваат ентузијасти од целиот свет за да минат по одредени линии кои поминуваат низ исклучителни пејзажи на Алпите или да се качат во возови кои немаат слични на друго место во светот и успеваат да се искачат по многу стрмните ридови.

Иако железничките несреќи не се реткост во Швајцарија, тие генерално не предизвикуваат голем број жртви. Така, во 2021 година, според бројките на Сојузниот завод за статистика, загинале вкупно осум лица (без самоубиства), а 47 биле тешко повредени во несреќи во кои учествувале возови.

„Генерално, бројот на жртви на железнички несреќи значително се намали во последните децении – и покрај зголемувањето на транспортните услуги“, забележува Канцеларијата.