ФОТО| Повторно ги засени сите на црвениот тепих во Кан, Стоун во шокантна тоалета

Холивудската актерска ѕвезда Шерон Стоун и годинава не ја пропушти можноста да го привлече вниманието на јавноста на филмскиот фестивал во Кан во гламурозниот фустан кој го запира здивот и ги засени сите на црвениот тепих.

Шеесет итригодишната Шерон Стоун се појави во сина тоалета со 3Д цветови предизвикувајќи големо изненадување кај сите присутни.

Уште повеќе, што тоа не е стилот кој го преферира Стоун. Но токму затоа фустанот изгледеша поефективно на неа, а целата комбинација ја заокружи со дијамантски обетки.

Она на што сите модни критичари укажуваат искажувајќи одушевување од појавата на Шерон е дека ретко кој би можел да изнесе ваква „драматична тоалета“ како неа.

Притоа истакнуваат дека фустанот за принцези на Шерон ги добива контурите на вистинска тоалета за принцези, но дека енергијата која ја зрачела актерката не дозволила оваа гардероба да ја „проголта“.

Инаку Шерон Стоун е во врска со раперот кој секогаш носи скијачка маска и го крие својот идентитет. Музичарот RMR, кој е 38 години помлад од актерката е познат и по златниет навлаки на забите.