ФОТО| Пожарникарите во Њујорк против задолжителното вакцинирање

Илјадници комунални работници во Њујорк, претежно пожарникари од кои две петтини не се вакцинирани против Covid-19, протестираа во понеденикот на Бруклинскиот мост против задолжителното вакцинирање кое минатата седмица го најавија градските власти.

„Дали нѐ прашувате дали сме вакцинирани кога не виката на помош?“, „Вчера неопходни, денеска невработени“, пишуваше на транспарентите во густата маса собрани кои дојдоа да им кажат „не“ на оние коишто за нив претставуваат „крај на слободите“, на американскиот претседател Џо Бајден и на неговиот сопартиец од Демократската партија њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио.

Сите градски работници беа повикани на марш преку Бруклинскиот мост до градскиот совет на Њујорк, но пожарникарите беа најбројни, препознатлив во маичките од нивните станици, а на некои беа испишани имињата на колегите кои смртно настрадаа ангажирајќи се по терористичките напади врз Кулите близначки на 11-ти септември 2001 година.

Според Противпожарната служба на Њујорк (FDNY), стапката вакцинирани во понеделникот изнесувала 60 отсто од вкупно 17.000 пожарникари, многу помалку од 84 отсто вакцинирани возрасни жители на Њујорк.

Меѓу демонстрантие, среде мноштвото американски знамиња и транспаренти со кои се слави претходниот републикански претседател Доналд Трамп, 35-годишен пожарникар за AFP рекол дека не е против вакцините, туку против задолжителното вакцинирање.

„Никогаш не би сакал некој да чувствува обврска да ми ги открие податоците за своето здравје“, рекол.

Адријан Вилјамс, 43-годишна вработена во канцеларијата на FDNY, рекла дека нема да се вакцинира ниту по цена да ја загуби работата.

„Ако морам да избирам меѓу професијата и животото, го бирам животот“, рекла и покрај тоа што повеќето лекари велат дека вакцините се многу сигруни и дека нусппојавите во големо мнозинство од случаите се благи.

По наставниците и негувателите во септември каде стапката на вакцинираните сега минува 95 отсто, а властите на Њујорк ја проширија обврската за вакцинирање на сите 160.000 градски работници, од кои 46.000 до минатата седмица не ја примиле ниту првата доза.

Синдикатот на њујоршката полиција веднаш најави дека таквата одлука на градските власти ќе ја оспори на суд,

За да ги мотивираат колебливите, њујоршките градски власти ветија бонус од 500 долари за оние кои ќе ја примат првата доза од вакцините до 29-ти октомври. По овој датум за оние кои нема да се вакцинираат ќе биде запрени доходите.