(ФОТО) Пожарот на Марков манастир се спушта кон куќите, канадерите не успеале да го изгаснат

Пожарот за кој објавивме попладнево кој гори кај Марков манастир до моментов не е изгаснат.

Очевидци за КУРИР велат дека тој се спушта кон куќите.

Како што соопштевме предходно, на помош беа кренати и Канадерите кои постојано летаат и пробуваат да го изгасат пожарот, но најверојатно залудно.

Противпожарната единица со часови се бори со пожарот кој најверојатно е настанат поради човечки фактор, но и Канадерите за брзо ќе бидат приземјени, бидејќи надвор се стемнува, а според правилата и прописите тие не смеат да летаат во такви услови.