![pozhar-4-960x640](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/pozhar-4-960x640-1.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Со целосна и континуирана ангажираност на екипите на ТППЕ Битола, поддршка од јавните претпријатија и дополнителна помош од Центарот за управување со кризи, целосно е ставен под контрола пожарот над Битола, соопштија од општина Битола.
![](https://i0.wp.com/kurir.mk/wp-content/uploads/2024/07/pozhar-5.jpg?w=696&ssl=1)
Од таму велат дека претпладнево како воздушна поддршка на противпожарните екипи, пристигна државна помош за Битола, составена од пет „Ер трактори“, од кои 3 од Дирекцијата за заштита и спасување и два од Турција кои се дел од помошта која стигна за справување на Македонија со пожарите.
![](https://i0.wp.com/kurir.mk/wp-content/uploads/2024/07/pozhar-2.jpg?w=696&ssl=1)
Екипите на ТППЕ Битола остануваат на терен до целосна ликвидација на пожарот. Општина Битола и Градоначалникот Тони Коњановски им се заблагодарува на сите вработени во ТППЕ Битола, за нивната посветеност и пожртвуваност во борбата со огнената стихија. Исто така, локалната самоуправа изразува огромна благодарност до сите општествено одговорни компании кои ја изразија својата хуманост и покажаа интерес да помогнат во обезбедувањето на храна и вода за екипите кои ноќта ја поминаа на терен. Голема благодарност до медиумите, кои со својата објективност овозможија навремено и објективно информирање на граѓаните за состојбата со пожарот и делувањето на општинскиот кризен штаб, истакнуваат од општината.
![](https://i0.wp.com/kurir.mk/wp-content/uploads/2024/07/pozhar9.jpg?w=696&ssl=1)