(ФОТО) Познатата актерка ја скршила бутната коска, сега повторно проодува

Актерката Брук Шилдс (55) ја го скршила бутната коска. Таа објави видео на социјалните мрежи во кое полека учи да оди со помош на патерици, а во описот на објавата објасни дека ја скршила ногата.

Брук не открила како дошло до повредата, но порачала дека се обидува да остане позитивна и во оваа тешка ситуација.

„Ја скршив бедрената коска. Почнувам да се закрепнувам. Без оглед на тоа со кој предизвик се соочувате, изберете нешто позитивно за себе и одете напред“, напишала актерката.

Актерката често објавува заводливи фотографии во костими за капење на социјалните мрежи. Фановите ја фалат дека изгледа одлично на нејзина возраст. Откако влезе во шестата деценија од животот, Брук откри дека ѝ требало време за да го засака своето тело.

24sata

ФОТО: Инстаграм