(ФОТО) Пред спомениците на мостот „Око“ поставени табли на кои пишува дека се дел од хеленската култура

Утрово на Мостот Око пред секоја фигура која е дел од античката (македонската) историја во центарот на Скопје осамнаа метални табли со содржина која сите овие ликови ги препишува на грчката историја.

Фотографиите се објавени на Фејсбук, проследени со лавина коментари.

„Срамота е ова луѓе до каде стасавме, се ни бришат и име и и историја како никогаш да не сме се родиле и не сме живееле “, коментира Зорица Ефтимова.