Во скопската населба Чаир таксист прегази три малолетни девојчиња, од кои едното е во тешка состојба, јавува Алсат
ОД МВР за Курир информираат дека несреќата кај нив е пријавена во 10:58 часот.
Според пријавата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, автомобил „Пасат“ удрил во три малолетни девојчиња, кои по несреќата се пренесени во Клинички центар.