Тринаесетте прегладнети деца кои се пронајдени оковани за креветите во калифорниската „куќа на ужасот“, како што ја нарекоа локалните медиуми, добиле храна и неопходна нега откако се спасени од ужасните услови од кои траумите кај нив би можеле да траат со години, објавија во вторникот локалните власти.
Полицијата ги истражува околностите под коишто родителите, 57-годишниот Дејвид Ален Тарпин и 49-годишната Луиз Ана Тарпин ги злоставувале своите деца зад вратите на својот замрачен и валкан дом, изјавил за новинарите полицискиот службеник Грег Фелоус.
Двојката, којашто трипати патувала во Лас Вегас за да го обновува брачниот завет, беше уапсена во неделата. Двајцата се обвинети по девет точки за измачување и по десет точки за загрозување на сигурноста и здравјето на децата, и им е одредена кауција од девет милиони американски долари, а сослушувањето пред судот е закажано за во четврток.
Властите биле алармирани откако едно од децата, 17-годишна тинејџерка успеала да побегне низ прозорецот на нивниот дом во местото Перис, 115 километри источно од Лос Анџелес, и да повика полиција. Ги повикала полицајците од деактивиран мобилен телефон кој имал можност за повици до итната служба 911, соопшти полицијата.
Во соопштението се додва дека прво пронашле три од вкупно 13-те деца оковани со снџири за креват во крајно нечиста куќа. Децата биле потхранети, рече Фелоус, а условите во коишто биле пронајдени ги опиша како „ужас“. Нивната мајка изгледала „збунето“ поради причината поради којашто полицијата дошла во нивниот дом.
По влегувањето во куќата, полицијата првично мислела дека откриените 12 лица, „потхранети и многу нечисти“, се малолетни но потоа сфатиле дека седум лица се возрасни, на возраст од 18 до 29 години. Најмладото од децата е девојченце на двегодишна возраст. Службите за заштита на децата отворија истрага.
И поширокото семејство не сфаќа зошто се обвинети родителите
Дејвид Тарпин се води како директор на приватно училиште во Перис, според интернет страницата на американското министерство за образование. Адресата што е објавена одговара на онаа на којашто живее семејството Тарпин. Според весникот The Los Angeles Times, двојката на посочената адреса живеела од 2010 година, а претходно во сојузната држава Тексас. Двапата прогласиле стечај.
Педесетгодишната Кимберли Милиган, којашто се семејството живее наспроти „куќата на ужасот“, рекла дека отакако се доселила на оваа адреса пред две години го видела само бебето во прегратка на мајката и три деца, опишувајќи ги како ситни и бледи.
„Зошто никогаш не ги видовме децата? Никогаш не се слушнаа ниту се видоа другите девет деца“, се запрашува Милиган.
Пред две години додека се шетала низ соседството и им се восхитувала на божикните украси, Милиган се потсетува дека видела три деца на семејството Тарпин и ги пофалила за колепката со малиот Исус пред нивната куќа. Тие се скаменија и како да посакаа да станат невидливи.
„Дваесетгодишници никогаш не се однесуваат така. Имаа уплав од комунукација“, вели сосетката.
Никол Гудинг, 35-годишна жена којашто во соседството живее три години, вели дека првпат го видела семејството пред два месеца кога мајката и децата го чистеле дворот кој бил преполн со троскот и лименки.
„Никогаш ги немав видено до тој ден“, вели.
На страницата на Facebook семејството повремено објавувало заеднички фотографии. На една од нив Дејвид и Луиз Тарпин ги обновуваат своите брачни завети во свадбена облека а опкружени со своите деца кои сите се облечени еднолично.
Родителите на Дејвид Тарпин за медиумите раскажале дека децата биле строго воспитувани, како и дека морале да ги учат „долгите поглавја од Бибилијата“ напамет.
Тие за телевизиската мрежа ABC News велат дека се „изненадени и шокирани“ од обвинувањата, како и дека „не можат да разберат ниедно од нив“.