Христијаните католици денеска го одбележуваат Раѓањето Христово-Божик. На свечена миса во Католичката црква „Срце Исусово“ во Скопје присуствуваше и премиерот Никола Груевски со својата сопруга.
Освен премиерот Груевски, на Божиќната литургија присуствуваа и претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
Претседателот, Груевски вчера по повод најголемиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик, упати и честитка до верниците од католичка вероисповед.
„Ова е празник кој ја симболизира човечката толеранција, семејните вредности, човечкото милосрдие и взаемното разбирање. Ова се денови во кои различностите треба да зближуваат, вредностите кои не обединуваат да бидат силата со која се движиме и работиме, а добрината и почитувањето да се главниот двигател. Со Божиќ се слави раѓањето, како симболика на новиот живот кој значи нов почеток и надеж“, напиша премиерот во честитката до католичките верници.