ВИДЕО/ФОТО:Премиерот им посака успех на ракометарите на ЕП

Неколку дена пред почетокот на Европското првенство се’ најдобро на македонските ракометари им посака претседателот на Владата, Никола Груевски.

На денешниот тренинг во спортскиот центар Кале, премиерот Никола Груевски, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски и претседателот на ракометна федерација на Македонија, Живко Мукаетов им посака добар натпревар во недела.

rakometari

Ракометарите со полна пареа се подготуваат за натпреварот со данската репрезентација, која инаку е домаќин на првенството. Капитенот на репрезентацијата, Кире Лазаров е оптимистички расположен за натпреварот во недела. Тој истакна дека се подготвени за предизвикот кој е пред нив бидејќи веќе имаат искуство со големи шампионати.

Премериот на ракометарите им посака среќа на престојното Европско првенство кое почнува на 12 јануари. Тој им порача дека резултатите не се важни, најважно од се’ е тие да го дадат својот максимум на теренот. Премиерот  им  рече на ракометарите дека каков и да остварат пласман јавноста во Македонија ќе биде со нив и дека  ќе ја имаат поддршката од сите нас.

gruevski1-500

Ракометарите му се заблагодарија на премиерот за поддршката подарувајќи му дрес со неговото презиме и бројот еден.

Европското ракометно првенство започнува во недела, а Македонија првиот натпревар го ирга со домаќинот Данска.