![DSC_5805](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/DSC_5805.jpg?resize=696%2C471&ssl=1)
Премиерот Никола Груевски, кој денеска учествува на конференцијатра во Лондон во организацијата на Европската банка за обнова и развој, имаше средба со еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.
Груевски денеска учествува на конференцијата заедно со неговите колеги од Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Албанија и Косово.
Груевски попладнево ќе се сретне со членови на Домот на лордовите на Парламентот на Обединетото Кралство каде ќе се разгледаат можностите за јакнење на британската поддршка во европските и евроатланските интеграции.