Папараците ја уловија позната старлета Ким Кардашијан како нежно ја прегрнува својата ќеркичка Норт Вест, облечена како слатко, мало меченце.
Позната по скандали и провокации, мора да признаеме дека Ким е одлична во улогата на мајка, па нежно се грижеше за ќерка си на аеродромот во Њујорк. Како поддршка за долгиот лет до Париз, со нив беше и баба Џенер.
Иако не е познато зошто Ким отпатува во француската престолнина, медиумите претпоставуваат дека е поради планирање на најавената гламурозна свадба.
Зарем не се преслатки, им недостасува само тато Канје.