ФОТО| Претепан новинарот Зоран Божиновски

Новинарот Зоран Божиновски, сопственик на порталот Буревесник, бил претепан од две непознати лица, синоќа пред неговата куќа во Битола, објави  Плусинфо.

На Божиновски му е скршен носот и има други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде му е укажана лекарска помош, а изутринава е пуштен на домашно лекување.

Божиновски бил нападнат и крвнички претепан од две маскирани лица, а напаѓачите најверојатно биле вооружени со метални боксирачи на рацете.

ФОТО: Плусинфо