ФОТО| Продолжува потрагата по десетгодишниот Петар, спасувачите се спуштија во пропаст длабока 70 метри во која никој не стапнал речиси половина век

Сѐ уште трае операцијата на потрага и спасување на исчезнатиот десетгодишне Петар Џобоски, информираат од Министерството за внатрешни работи за КУРИР.

Седми ден полицијата, противпожарна единица и граѓани трагаат по исчезнатиот Петар на кого му се загуби секаква трага во петок,25-ти февраури, попладнето од селото Врбско.

Не даде резултат и досегашната полициска потрага, потрагата од доброволци, од спасувачката служба, на пожарникари, со хеликоптер, но интензивната потрага продолжува.

Дирекцијата за заштита и спасување ги засили тимовите влучени во потрагата по детето Петар Џубоски со стручни лица и од Македонски Брод и од Тетово, освен со колеги од Битола, Прилеп и Скопје.

Ангажирани се сили и обезбедени се АТВ – мотори и специјални возила. Вчера припадник од Тимот за спасување од високи објекти од ПОЗС- Прилеп во јамата на напуштениот рудник „Партизанка“ се спушти во длабочина до 70 метри, а каде никој не влегол веќе 40 години.

Тимовите на ДЗС денеска почнаа со потрага од 8 часот.