ФОТО: Продолжува штрајкот на лондонското метро

И денеска милиони патници ќе останат заробени поради штрајкот на вработените во подземната железница во Лондон.

Вработените во лондонската подземна железница денеска го продолжуваат   48-часовниот штрајк поради планот да се укинат билетарите со што, според  синдикалните организации, ќе бидат укинат 950 работни места.

Милиони патници низ  Лондон и утринава е борат со долгите редици и тешкотиите да стигнат на работа поради штрајкот. Се очекува штрајкот да заврши утре, во раните утрински часови.

Поради штрајкот на метрото, биле ангажирани уште сто дополнителни автобуси со цел да се ублажи нарушувањето, но тоа било недоволно да бидат примени трите милиони патници што секојдневно ја користат лондонската подземна железница.

Синдикалците најавија дека ако не се прифатат нивните барања тие повторно ќе излезат на дводневен штрајк, закажан за 11 февруари.

Commuters waiting for a train on a platform at Farringdon Underground station