ФОТО| Продолжуваат градежните работи во Битола со реконструкција на улицата „7-ми Јули“

радоначалникот Тони Коњановски, изврши увид на почетокот на работните активности на улицита 7 ми јули, каде што во моментот се врши отстранување на стариот асфалт, по што ќе следува асфалтирање.

Проектот за реконструкција на коловоз на улицата 7 ми јули, се реализира во должина од 322 метри, со вкупна вредност од 5.865.518 денари. Од почетокот на градежната сезона, во Битола асфалтирани се 11 улици, а работните активности се во тек на 7 улици.

За оваа градежна сезона, според програмата на градоначалникот Тони Коњановски, предвидена е реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици во Битола.