Долго време животот на 28-годишната Хејли Хенеси од австралиски Мелбурн се движел во добра насока, девојката работела како дадилка и ако не зарботувала многу, барем имала доволно да не се загрижува. Но проблемите започнуваат со пандемијата на коронавирусот, кога таа морала да направи брза промена…
Хејли тогаш постапила како и многу други нејзини врснички и се регистрирала на платформата Onlyfans, на којашто ги продаваат своите фотографии и видеа кои ги разгоруваат страстите и фантазиите, пишува Daily Star.
Но Хејли сега реши да ги предупреди сите девојки кои ќе посакаат да ја следат но не се целосно подготвени на проблемите кои може да се појават поради тоа. Прво, според моделот, мора да се подготват за ужасна негативност. Многумина сѐ уште ги сметат професиите во секс-индустријата за нешто срамно, па затоа ја истураат својата огорченост врз девојките од другата страна на екранот.
„Замислете го сето најгадно што можете да го слушнете и помирете се со тоа, дефинитивно ќе го слушнете. Проверете се себеси дали ќе бидете подготвени да го издржите напливот на омраза“, предупредува Хејли.
Момчињата кои се јавуваат во коментарите секогаш сакаат да видат фотографија на убава девојка, но притоа ниту помислуваат да се однесуваат како вистински мажи. Велат дека никој не сака да излегува јавно со девојка која ги продава своите фотографии.
„Како единствената цел на секоја девојка е да има врска со личност којашто не го почитува нејзиното мислење“, огорчено вели Хејли и предупредува дека од таквите предрасуди произлегуаат и други проблеми.
Според неа, имено, активностите оваа област може сериозно да влијае врз иднината на некоја млада девојка, доколку во иднина сака во иднина да се занимава со некоја престижна и важна професија. Минатото под ознаката „+18“ може да ѝ ги уништи намерите да се запише, на пример, на правниот факултет, затоа што, како што вели Хејли, тешко е да се биде поборник на моралот кога во тебе гледаат само голо тело.
„Но ако нема такви планови, тогаш, се разбира, сте добредојдени“, заклучува Хејли.