ФОТО: Промовирана бистата на Александар Македонски во Аеродром

Бистата на Александар Македонски се исправи пред истоименото училиште во Општина Аеродром.

Училиштето беше отворено во септември 2013 –та година, а денеска по повод крајот на учебната година и патрониот празник на новото училиште беше промовирана бистата.

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски и градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски присуствуваа на свеченоста и на приредбата која ја организираа дечињата од училиштето.

-Во соработка со министерството за образование и наука одлучивме 10-ти јуни да биде патрон празник на училиштето. По многу историски факти се потврди дека на овој ден или на 11-ти јуни е денот кога Александар Македонски починал, рече Коневски.

aaaaa

Училиштето ги исполнува сите европски стандарди за реализирање на воспитно-образовниот процес со 18 училници.

-На мое лично задоволство денес сум присутен на една завршна приредба која на еден симболичен начин го прикажува крајот на учебната година и во оваа прилика би сакал на сите ученици да им го честитам завршувањето на учебната година и многу убав летен распуст, добри оценки. На оние кои што се во процес на запишување во средно училиште и факултетите им посакувам успех во уписите, истакна Ристовски.

Бистата е донација од скулпторката Валентина Стефановска.