Илјадници луѓе се собраа во британската престолнина Лондон на пропалестински марш и протест оргнизиаран за викендот со силна полициска надзор и на денот кога во многи западни земји, вклучитлно и Велика Британија, го одбележуваат формалното завршување на Првата светска војна,
На Денот на примирјето (англиски Armistice Day) во 1918 година во францускиот град Компјењ е потпишано примирјето меѓу Германија од една и Антантата – воениот сојуз на западноевропските земји поддржани од САД кои се вклучуваат – со кое е завршена Првата светска војна на Западниот фронт.Договорт стап на сила во единаесеттиот час во единаесеттиот ден од единасеттиот месец, што има посебна симболика во сеќавањето на жртвите во Големата војна.
Полицијата извести дека во Лондон се очекуваат повеќе од 100.000 демонстранти коишто бараат прекин на огнот во војната што Израел ја започна во палестинската енклава Појасот Газа како одмазда за ненадејниот брутален напад на радикалното исламистичко движење Хамас во јужноизраелски воени бази, населби и градови.
Безбедносните сили објавија дека на должност се распоредени 2.000 полицајци, и порачаа дека ќе спречат безредија коишто би можело да ги предизвиката учесниците во маршот или на најавените противпротести. Околу Кенотаф од четвртокот е воведено 24-часовна полициска стража.
Премиерот Риши Сунак ги предупреди шефот на лондонската полиција Марк Роули дека ќе го смета за „одоворон“ доколку демонстрантите го прекинат одбележувањето на Денот на примирјето планирано за исто време во британската престолнина.
„Благодарејќи на оние кои се бореле за оваа земја и за слободата којашто ја цениме, оние кои го сакаат протестот може да му присуствуаат, но тоа мора да го остварат на мирен начи“, се наведува во објавата на Даунинг стрит од петокот доцна ноќта откако беше најавено дека се размислува за негово забранување.
Најавено е дека маршрутата на повоката, којашто тргне напланде по локално време да го заобиколи подрачјето на Вајтхол каде треба да се одржи главната церемонија.
Меѓутоа уште од рано претпалднето избувнаа судири, кога група контрадемонстранти совлада група збибени полицајци задолжени за заштита на квартот Вајтхол, целосно заштитена со кордон.
Лондонската полициај во текот на претходните пропалестински протести, главно мирни, кои се организраат од 7-ми октомври приведе речиси 200 луѓе. Во петокот беа уапсени двајца тинејџери, кои со спреј испишале „Слободна Палестина“ на споменикот на британските војници загинати во акција во градот Рочдејл близу Манчестер.
Од почетокот на војната во Појасот Газа во Велика Британија забележан е голем пораст на антисемитските и исламофобните активности.