Премиерот Никола Груевски по отворањето на новата инвестиција на компанијата „Икс трејд“ во која треба да вработат 100 луѓе и е лоцирана во близина на плоштадот „Македонија“, пеш се упати кон Владата на Република Македонија.
Порталот Вистина објави фотографии на кои се гледа дека случајните минувачи се почесто застануваа да се поздрават со него.
Нашиот објектив кој го забележа Груевски, ги регистрираше и честите застанувања на од голем број случајни минувачи и граѓани кои го отпоздравуваа, сакаа да разговараат и се фотографираа со него, пишува порталот Вистина.
Груевски најде време и со задоволство разговараше со граѓаните.