![r2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/r2.jpg?resize=500%2C534&ssl=1)
Хакерите не мируваат. Меѓу сопствениците на „пробиените“ компјутери се најде и Ријана, чии разголени фотографии експресно се проширија на социјалните мрежи.
Иако Ријана досега самата објави голем број нејзини разголени слики во сите можни изданија, сепак фотографиите од приватниот фотоалбум на пејачката предизвикаа голем интерес во јавноста.
ФБИ и „Ејпл“ започнаа истрага со цел да утврдат дали фотографиите и овој пат дошле од АјКлоуд, имајќи предвид дека бројот на славните убавици чија приватност е загрозена со објавувањето на нивни фотографии расте од ден на ден.