Жителите на Пржино денеска излегоа на протест поради менувањето на населбата од корен и никнувањето на новите згради кои не ги посакува никој.
Тие на протестот истакнаа дека не сакаат да живеат со уште позагаден воздух и со затскриено сонц попречено од сите згради кои ќе никнат во иднина.
„Зарем ќе дозволиме и на потегот од ЗУР маркетот до Месната заедница да ни кренат уште згради? Наместо парк како што првично беше планирано?“, прашуваат тие.
Инаку тие алудираат и дека се комплетно незадоволни од општината која не презема ништо околу овој проблем со кој се соочуваат жителите на Пржино.