(ФОТО) Протест во центарот на Скопје за правда и слобода за политичките затвореници

Во центарот на Скопје пред Соборниот храм во четвртокот на протест излегоа голема група на граѓани кои упатија пораки за ослободување на неправедно приведените за настаните од 27-ми  април.

На протестот се вееја македонски знамиња, се свиреше со тапани и зурли, а покрај слобода за притворените, насобраните порачаа дека бараат и да се престане со разнебитувањето на Македонија и продавањето на нејзиното име.

Стотици граѓани побараа слобода за сите притворени кои се поврзани со крвавиот упад во Собранието на 27  ми април. Собирот започна во Соборниот храм. Пораката дека притворените пратеници на ВМРО – ДПМНЕ и сите останати не се терористи, беше испратена пред канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Пред седиштето на ЕУ во знак на поддршка на роднините и пријатели на притворените дадоа и тројца пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски, Антонио Милошоски и Трајко Вељаноски.

Крсто Мукоски не е насилник. Љубен Арнаудов не е насилник. Сашо Василевски не е насилник. Богдан Илиевски не е насилник. Патриотите на Македонија не се и нема да дозволиме да ги третирате како насилници“, истакнаа граѓаните од пред ЕУ Инфо центарот

Граѓаните кои одлучија да протестираат за слобода на притворените за насилствата на 27 – ми април се разочарани зошто нема поголема поддршка како што имаше поддршка „Шарената револуција“.

Тие што свиркаа по улиците ги нема никаде. Добија работно места ама државата ја изгубија. Како ќе ја вратиме, на кој начин, треба да земеме оружје што друго“

„Поддршка до луѓето што се неправедно затворени, што ги држат под некакви обвинувања дека биле терористи“

„Овде сум да протестирам и мојот глас да го продолжам од патриотите и да кажам и јас сум терориста“, велат граѓаните.

Тие со зурли и тапани и бројни транспаренти протестираа, a од Соборниот храм по булеварот „Свети Климент Охридски“ и потоа по булеварот „Теодосиј Гологанов“ се упатија кон Собранието каде секојдневно протестираат и бараат ослободување на притворените.

 

(фото – Република)