Демонстрантите во Отава бројно на надминаа полицијата и ја контролираат ситуацијата, изјави градоначалникот Џим Ватсон во неделата во екот на протстите против задолжителното вакцинирање коишто веќе десетти ден со ред парализираат делови од канадската престолнина.
„Конвојот на слободата“ започна како движење против задолжителното вакцинирање против Covid-19 за камионџиите кои ја минуваат границата, а се претвори во протестни собири против строгите епидемиолошки мерки кои ги воведе владата на премеирот Џастин Трудо.
Центарот на Отава беше парализиран и претходните девет денови, а демонстрантите бараа распуштање на канадската влада. Мејнстрим медиумите пренесуваат наводно дека некои демонстранти вееле знамиња на американскта историска Конфедерација од периодот на робовладетелството или нацистички симболи.
„Ситауцијата во овој момент е целосно излезена од контрола, бидејќи поединци од протестот ја контролираат ситуацијата. Тие имаат далеку повеќе луѓе отколку ние полицајци“, изјави градоначалникот Џим Ватсон за локалната радио станица.
Протестите против задолжителното вакцинирање се проширија и надвор од Отава. Илјадници луѓе протестираа во саботата во другите канадски градови, вкклучително и во финансиската метропола Торонто.