На социјалните мрежи не стивнуваат реакциите откако вчера СДСМ преку своите медиуми објави дека во Македонија има над 500.000 фантомски гласачи.
Граѓаните на социјалните мрежи се потсмеваат на логиката на СДСМ, според која излегува дека секој трет гласач во Република Македонија е фантомски. Еве дел од коментарите на социјалните мрежи:
СДСМ преку своите медиуми се обиде да прогласи дека може да се спорни сите гласачи од Велес, Битола, Прилеп, Охрид, Штип… Граѓаните во текот на вчерашниот ден коментираа со иронија дека ако прогласат половина милион гласачи за спорни – фантоми, тогаш ќе испадне дека сите се фантоми, а на СДСМ ќе му треба нов народ кој ќе му ја изгласа победата која никако не можат да ја остварат девет изборни циклуси по ред.
Според фрапантноста на бројката која се обидоа соросовите медиуми да ја протуркаат, може да произлезе заклучок дека спорни гласачи- фантоми се сите граѓани со право на глас од општините Велес (46.548), Штип (41.672), Крива Паланка (17.221), Кочани (32.608), Неготино (16.019), Кавадарци (32.290), Гевгелија (19.486), Радовиш (23.717), Прилеп (64.388), Битола (80.241), Охрид (50.895), Ресен (16.320), Виница (16.692), Делчево (14.907), Пробиштип (13.053) и Свети Николе (15.009), или накратко граѓаните во дури 16 општини во земјава.
Граѓаните во текот на вчерашниот ден коментираа со иронија дека ако прогласат половина милион гласачи за спорни – фантоми, тогаш ќе испадне дека сите се фантоми, а на СДСМ ќе му треба нов народ кој ќе му ја изгласа победата која никако не можат да ја остварат девет изборни циклуси по ред.