Денеска заедно со советниците од урбаната заедниа „Славе Петков“ Дејан Палашев и Димитар Абрашев извршивме увид на градежните работи на улицата „Архиепископ Михаил“. Реконструкцијата и асфалтирањето на улиците низ градот се еден од приоритетите на Општина Велес, вели Марко Колев, градоначалник на општина Велес.
-По асфалтирање на дел од улиците „Енгелсова“, „Петар поп Арсов“ и „8 Март“, денеска за продолжуваме со асфалтирањето на дел од улицата „Архиепископ Михаил“. Градежните работи ги изведува фирмата „ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ СКОПЈЕ“, пишува Колев на Фејсбук.