Ресторанот Ита е изграден од стакло и се наоѓа на пет метри длабочина во Индискиот океан. Прво бил изграден на копно, а потоа е инсталиран во океанот и никогаш не пропуштил вода.
Погледот од овој ресторан е неверојатен. Разни риби, желки и прекрасни корали.
Бидејќи овој ресторан е лоциран во најчистата океанска вода, внатре е многу светло, па сите посетители и персоналот се обврзани да носат очила за сонце.
Во овој необичен ресторан можат да вечераат 14 посетители и една просечна вечера ќе ве чини 190 долари по човек.
Се служи современа европска кујна во шест дела, каде што се вклучени оброци како кавијар и јастог.
Ресторанот е отворен и за утрински коктели и може да се резервира за приватна забава, свадба или за друга специјална пригода.
Самата конструкција чинела 3 милиони фунти и тежи 175 тони.