ФОТО| Русија ја нападна Украина, по грешка објави Bloomberg

Американската агенција Bloomberg, која главно пренесува вести од деловниот свет, во петокот околу 16 часот по локално време на својата веб-страница објави наслов „Во жив: Русија ја нападна Украина“, што предизвика шок во медиумите.

Пораката останала околу 30 минути, според Олга Лаутман, руска аналитичарка која ја објави пораката на социјалните мрежи.

Набргу потоа објавата беше избришана, а медиумот информира дека веста е објавена по грешка.

„Подготвуваме наслови за различни сценарија и насловот ‘Русија ја нападна Украина’ беше случајно објавен на нашата веб-страница околу 16:00 часот во Источна временска зона (EST). Длабоко жалиме за грешката“, се вели во денешното соопштение.

Се прецизира дека раководството на агенцијата ја разјаснува причината за тоа што се случило. Сепак, се претпоставува дека како и во случај со претходно слични медиумски гафови, станува збор за однапред подготвена вест во трката за читателите.

Корисниците кои кликнале на веста која предизвикува страв  акоја доаѓа додека руските трупи според Западот наводно се групираат  на украинската граница и американските власти предупредуваат за потенцијална инвазија, биле однесени до страница со грешка.

>„Отидов на страницата и ги видов ударните вести, но знаев дека не е вистинска затоа што се занимавам со Украина и ќе бидам една од првите коишто ќе дознае“, изјави Лаутман за The New York Post.

„Бизарно е и прилично голема грешка да се направи со оглед на тоа дека ова е потенцијална инвазија од големи размери и сите се на работ“, додава.