ФОТО| Русија дошла до документи кои потврдувале дека Украина подготвувала напад врз Донбас

Документи на Националната гарда на Украина, со кои се потврдува дека режимот во Киев во март подготвувал офанзивна операција во проруската одментата источна област Донбас, изјави во средата портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

„Во текот на специјалната воена операција (како што официјална Москва ја опишува офанзивата во Украина), руските сили дојдоа во посед на тајни документи на командата на украинската Национална гарда. Тие ја потврдуваат прикриената подготовkа на киевскиот режим за офанзивна операција во Донбас во март 2022 година“, изјави Конашенков на брифингот за новинарите во Москва.

Конашенков истакна дека руското министерство за одбрана „добро ги запаметило“ распространетите изјави од украинското водство во западните медиуми во февруари дека не постојат никави планови за воено заземање на самопрогласните ткн народни републики во Донецк и Луганск и за нивната наводна желба да ги решат сите прашања со „политички и дипломатски средства“.

„Сепак, оригиналите на тајните воени документи на Националната гарда на Украина јасно ја докажуваат лаживоста на овие изјави“, рече Конашенков.

Појасни дека Русија располага со наредбата на командатот на украинската Национална гарда, генерал-полковникот Никола Балан од 22-ри јануари 2022 година. Во него детално се опишува планот за подготовка на една од урадните групи за офанзивни операции во зоната на „Операцијата на здружените сили“ во Донбас. Значително внимание во докуменот, како што рече Конашенков, се посветува на прашањато за „изборот на составот, испитувања од сите псохолози и обезбедување на нивната висока мотивираност“.

Прашањето за нивото на вклученоста на САД и НАТО во планирањето на украинскиот напад врз Донбас, е нејасно во оваа документација, додаде Конашенков. Но потсети дека познато оти американски и британски воени инструктори обучуваа некои украински единици во програмата за обука според „стандардите на НАТО“. Рече дека особено била обучувањана баталјонско-тактичката група на 4-та оперативна бригада на украинската Национална гарда.

Според Русија, украинските сили требало да ги завршат подготовките за офанзивата во Донбас на 28-ми февраури, но руската офанзива ги попречила овие планови.

Рускиот претседател Владимир Путин повеќепати од почетокот на годината предупредуваше дека властите во Киев се подготвуваат за воено решение на украинскиот конфликт на истокот од земјата со руските и проруските региони и оти Русија нема да дозволи нови геноцид како во конфликтите во поранешна Југославија. Путин потоа на 24-ти февруари по осум години од самопрогласувањето по барање на руската Дума ги призна двете ткн Народни републики во Донецк и во Луганск и нареди влегување на руските трупи во Донбас за „спречување масакр“ на тамошното неселение. Веднаш подоцна руските сили навлегоа и на териториите целосно под контрола на укранската војска, како што рече Путин, со цел да ја „демилитаризираат“ и „денацифицираат“ соседната земја.