![malaisina-960x595](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/malaisina-960x595.jpg?resize=696%2C431&ssl=1)
Руска новинарка и адвокат биле нападнати и тешко повредени откако нивниот автомобил бил запрен од неколку маскирани лица во Чеченија.
Eлена Милашина, новинарка од Новаја Газета и адвокатот Александар Немов биле нападнати додека патувале од аеродромот кон регионалниот главен град Грозни.
Весникот Новаја газета минатата година ја загуби лиценцата за медиуми во Русија.
„Брутално ги удирале со клоци, вклучително и по лицето, им се заканувале со смрт, им држеле пиштол на глава, им ја одзеле опремата и ја искршиле“, објави Меморијал на Telegram.
Групата за човекови права Team Against Torture соопшти дека Немов бил прободен со нож во ногата и дека мотивот за нападот е „казна“ за нивното известување.
Руските медиуми јавуваат дека претседателот Владимир Путин е запознаен со ситуацијата, а портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека е потребен „енергичен“ одговор на нападот.
„Постои потреба од проверка и истрага за позадината на овој напад“, рече Песков.
Со соопштение за поддршка на новинарката и адвокатот излезе и Министерството за дигитална трансформација.
„Новинарот додека ја врши својата работа не смее да биде изложен на малтретирање и тортура. Очекуваме дека овој случај ќе биде детално истражен и сторителите ќе бидат казнети“, се наведува во соопштението.