Американскиот претседател Џо Бајден ги опиша настаните во Украина како „почеток на руската инвазија на Украина“ и ги најави санкциите со кои треба да се казни таквата постапка на Москва.
Санкции најавуваат и бројни други западни земји. Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека е отворен за дијалог околу Украина, но дека нема да преговара за руските интереси.
На социјалните мрежи денес се прошири слика од картата на Украина која по говорот на Путин во кој го оправдуваше признавањето на двата бунтовнички проруски региони на истокот на Украина ја објави руската државна телевизија. На картата со жолта боја е означена „Украина“, а останатите делови се означени како „подарени територии“ од страна на руските цареви, Сталин, Ленин и Хрушчов.
Russian state TV is now following up on Putin's speech with a graphic diagramming territorial "gifts" to Ukraine from Russian Czars, Stalin, Lenin and Khrushchev. The yellow bit in the middle is labeled "Ukraine." pic.twitter.com/QdwnvHn4Xs
— Anton Troianovski (@antontroian) February 23, 2022