Хакерската група RaHDit, позната како Злобни руски хакери за која се верува дека е блиска на Кремљ, на како што го нарекува антифашистички портал „Немезида“, објави податоци за повеќе илјади украински хакери, интернет активисти и експерти за социјални мрежи кои се активни во рускиот сегмент од Интернет.
„Подготвивме предновогодишна серија списоци што ги откриваат сајберфашистите и нивните куклари од безбедносните структури и војската. Почнуваме со објавување на повеќе од 1.000 активисти на IT Army of Ukraine и Save UA. Првите се хактивисти, деца на кои им е ‘дадено копче’ и тие го притискаат, се впуштаат во хулигантство, замислувајќи се дека се хакери. А вторите се маркетолози, таргетолози и SMM-ци коишто прават пакости на нашите социјални мрежи и истураат флоскули“, објави руската хакерска група на апликацијата за размена на пораки Telegram.
Според приложеното, во разделот IT Army of Ukraine фигурираат податоците за 759 лица, а на вториот список за наводно лица од Save UA уште 406 луѓе.
Во ноември хакерите од RaHDit, исто така, на порталот „Немезида“ објавија список со податоците на кадетите и предавачите на школата на украинското разузнавање Академијата на Службата за безбедност на Украина. Тогаш на Интернет протекоа податоци за повеќе од 400 луѓе, кои наскоро треба да стапат во редовите на украинските специјални и тајни служби, како и на оние кои ги обучуваат.
Податоците содржат адреси, броеви на телефоните, матични броеви, адреси на електронска пошта и страници на социјални мрежи, дигитални кодови во месинџерите, регистарските таблички на возила.
Претходно кон крајот на септември, Злобните руски хакери ги објавија и информациите за 1.500 активни припадници на Службата за надворешно разузнавање на Украина, вклучително и оние кои во тој период прикриено дејствувале во повеќе од 20 земји.
А во јули RaHDit ги хакираше серверите на Националниот универзитет за одбрана на Украина, ги симна нивните прирачници за обука и наместо тоа ги остави „точните – за злосторствата на режимот во Киев во Донбас“. Еден месец претходно, тие ги објавија податоците на 700 припадници на разузнавачката Служба за безбедност на Украина (СБУ) и на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.
На самиот почеток од војната во Украина, RaHDit изведе истовремено масивен хакерски напад врз сите 755 веб-страници на украинската влада. Како што објавија тогаш членови на групата, тие поставиле канал за пренос на податоци за акциите на украинската армија до кои добиле пристап до руската војска.