ФОТО| Сѐ поголемо разочарувањето кај членовите и гласачите на СДСМ

На социјалните мрежи  на неколку дена пред одржувањето на локалните избори забележлив е тренд на изливи на незадоволството меѓу членовите и гласачите на владејачката СДСМ.

По јавното кинење на партиската книшка и демолирање на партискиот штаб, меѓу другите се појави и реакција на социјадемократ кој во излив на гнев од политиките на СДСМ му порачува на актуелниот градоначланик на скопската општина Бутел, Велимир Смилевски дека поради неработењето и криминалот ќе остане без гласовите на оние кои минатите избори го гласале илустрирајќи го тоа со фотографии од слабата посетеност на партискиот предизборен митинг на СДСМ во оваа општина.

„Организацијата на митнгот на СДСМ во Бутел… ѓоа сте на опера…до пред четири години штабовите ни беа во ккошарници сега се на два ката… а ова е дното на дното и се покажа како се крадат парите на народот и нашите пари … срам да ви е арамми… на Вељо (Смилевски) су му донел 1.000 гласа сега ќе му земам 2.000 … багра лоповска да ви даде човек фотелја да ви го види лицето…и еден совет и апел сите што гласавте за Шилегов и раштевецеот сега гласајте за Бени Шаќири“, пишува корисникот на фејсбук кој се идентификува како член или симпатизер на СДСМ.