ФОТО| САД и Јужна Кореја разгледуваат примена на нуклеарно оружје против Северна Кореја, обвинува Пјонгјанг

Соединетите држави и Јужна Кореја ќе разгледуваат употреба на нукеарно оружја против Северна Кореја на состанокот на заедничката нуклеарна консултативна група кој ќе се одржи подоцна во јули, пренесе севернокорејската службена новинска агенција KCNA.

„Во април САД ја подготвија ткн Вашингтонска декларација – програма за нуклеарна конфронтација со Северна Кореја. Тие отворено планираат да разговараат за прашањето за употребата на нуклеарното оружје против нашата држава на состанокот на американско-јужнокорејската нуклеарна советодавна група“, се тврди во прилогот на KCNА.

Претходно јужнокорејската новинска агенција Yonhap, повикувајќи се на администрацијата на јужнокорејскиот претседател Јун Сеок-јол, извести дека првиот состанок на новата заедничка советодавна група за нуклеарно планиеање на Јужна Кореја и САД ќе се одржи на 18-ти јули во Сеул.

Во април челниците на Јужна Кореја и на САД ја усвоија ткн Вашингтонска декларација со којашто се повикува на создавање советодавно тело за нуклеарно планирање чија цел ќе биде зајанување на проширеното нуклеарно одвраќање, развој на конркетни планови за негова примена, разгледувањето за нуклеарното и стратешко планирање и одговор на заканите на режимот на неширање на нуклеарното оружје од страна на Северна Кореја.

Со истата декларација САД и Јужна Кореја ги потврдија заложбите за зајанување на билатералнит односи на двете земји на полето на задничката одбрана. Јужна Кореја, исто така, си осигури ветување од Вашингтон навремено оперативно активирање на „целата сила на сојузот“, вклучително и нуклеарниот арсенал, во случај на севернокорејски нуклерен напад.

Претходно во четвртокот утрото Северна Кореја потврди дека претходно ја лансирала интерконтинентална балистичка реката (ICBM) од моделот „Хвасеонгпо-18“, која може да понесе нуклеарни боеви и може да погоди кој и да е дел од територијата на САД.

„На 12-ти јули беше тестиран новиот тип ICB ‘Хвасеонгпо-18’ “, објави агенцијата KCNA, според која ракетата достигнала висоќина од 6,648,4 колометри и прелетала 1.001,2 километри за време од 4.491 секунда.

Притоа се истакнува дека на лансирањето лично го надгледувал севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун.

„Тестирањето имаше цел да ја потврди техничката одржливост и оперативната сигурност на проектилот… Пробното лансирање не влијаеше негативно врз безбедноста на соседните земји“, се наведува уште во агенциската вест.

Претхоно Здружената команда на началниците на штабовите на јужнокорејската војска објави дека Северна Кореја околу 10 часот по локално време, околу 5 часот по македонско врме, од регионот на Пјонгјанг била лансирана балистичка ракета со долг дострел во правец кон Јапонското Море. Лансирањето, според процените на штабот во Сеул, лансирањето беше извршено под широка агол, а далечината на долетот изнесувала околу илјада километри.

Според јапонското Министерство за одбрана, севернокорејската ракета летала 74 минути, што го прави најдолгото лансирање на Северна Кореја досега. Поради тоа, јужнокорејскиот претседател Јун Сеок-јол кој во тој период сѐ уште беше во Вилнус каде како гостин учествуваше на самитот на НАТО, одржал итен состанок со Советот за национална безбедност, наложувајќи да се свика состанок на советодавната нуклеарна група со САД.

Вонредниот професор на јужнокорејскиот Универзитет за севернокорејски студии, Кин Донг-јуп изјави дека Северна Кореја веројатно го извела второто тестирања на  интерконтиненталната балистичка ракета Хвасеонгпо-18.