
Мексиканско-американската актерка Салма Хајек присуствуваше на премиерната проекција на филмот Мачорот во чизми: Последната желба.
56-годишната Салма Хајек им позираше на фотографите во елегантен бледо син фустан со макси должина со проѕирен корсет извезен со светки и обемно здолниште од органза во слоеви.
Во преден план доаѓа раскошното деколте по кое е препознатлива оваа убавица.
View this post on Instagram
На настанот ѝ се придружи на ѕвездата и нејзиниот долгогодишен пријател и колега Антонио Бандерас, кој носеше панталони во темна нијанса, блуза во нијанса на цреша и моторџиска јакна.
Салма Хајек неодамна заврши со снимање на два филма, па така ќе имаме можност да ја гледаме во киносалите.