Дизајнери од Јужна Кореја одлучија на навистина интерсен начин да се спасат од меланхоличните денови кога едноставно не престанува да врне.
Тие ги вратиле боите на улиците на Сеул, преку цртање на огромни и живи слики кои се појавуваат само кога врне.
Идејата е наречена „Проект Монсун“, и како што покажува и самото име, била започната за годишната сезона на монсуни, кога знае да врне непрекинато и по цели три недели.
Уметниците користеле специјална хидрохроматска боја, која останува невидлива сé додека површината не се намокри.
Погледнете…