„Шарли Ебдо“ повторно ја шокира светската јавност. На насловната страница на најновиот број на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ објавена е карикатура во врска со терористичките напади во Брисел.
Насловната страница во пресрет на пуштањето во продажба на неделникот утре, е објавена на Фејсбук страницата на „Шарли Ебдо“ и на неа може да се види познатиот белгиски поп-пејач Strome кој ја пее популарната песна “Papa ou t’es?“ („Тато, каде си?“).
Charlie Hebdo du 30 Mars 2016, n° 1236
Posted by Charlie Hebdo Officiel on Tuesday, March 29, 2016
Околу нацртаниот лик на пејачот има нацртани расфрлани делови од човечко тело и пишува „Тука, тука, и тука“.
Dessin du jour du 29 Mars 2016 par Riss
Posted by Charlie Hebdo Officiel on Tuesday, March 29, 2016
На социјалните мрежи се појавија жестоки реакции поради најновата насловна страница на познатиот француски магазин.