СДСМ продолжи со објавување на креирани и монтирани телефонски разговори. Во еден дел од разговорите што беа објавени денес премиерот Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески говорат за објекти кои треба да не бидат под заштита на државата.
Станува збор за руинирани објекти кои СДСМ ги ставила под заштита на Илинденска. СДСМ овие грдотии од згради ги заштитила како културно наследство, а ниту една не реконструирала.
Старите излупени фасади со избледена боја и одронет малтер кои се наоѓаат на потегот од Владата до влезот во Градски парк веднаш паѓаат во очи со целата своја грдотија. Станува збор за карактеристични примери за градската архитектура од дваесеттите години на 20 век, кои уште повеќе дојдоа до израз по проширувањето на сообраќајницата.
Оваа влада започнува со реконструкција на овие руинирани фасади од кои дел се завршени, а дел ќе се довршат во иднина.