Во периодот на траење на изборниот молк за утешните претседателски избори, во владејачката партија СДСМ со своите активисти сториле прекршување на изборните прописи, делејќи флаери и со поставување изборен банер во Гази Баба, информираат жители од оваа скопска општина.
Според информациите до кои дојде НетПрес, градоначалникот на Општина Гази Баба од редовите на СДСМ, Борис Георгиевски, од саботата рано утрото со службен автомобил „шкода октавија“ ги посетил населбите Ченто и селото Синѓелиќ. Таму, според истите извори, се обидува преку коалициските партнери да агитира кај албанските ибирачи кои гравитираат на територијата на општината да гласаат за кандидатот на неговата партија Стево Пендаровски.
Дополнително за прекршување на молкот говори и фактот што токму денеска се асфалтираат улици во споменатата општина. Градоначалникот од СДСМ во изминативе година ипол не најде време да работи, па тоа го прави во саботата, која не смее според законот.
Според Изборниот законик, од полноќ кон саботата започнува изборниот молк до кога треба да заврши изборната кампања на двајцата кандидати за претседател. За време на 24-часовниот молк ќе гласаат затврениците, болните и немоќни лица, внатрешно раселените и во дијаспората. В недела право на глас ќе имаат 1.808.131 граѓанин запишани во Избирачкиот список.