Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на на снегот од тротоарите на градските улици и булевари.
ЈП „Комунална хигиена“ со 80 работници на терен го расчистува снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини.
Во централното градско подрачје, расчистувањето се врши на плоштадите: „Македонија“, „Пела“ и ВМРО, се расчистува Старата Чаршија, како и пешачките патеки и тротоарите на мостовите: „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата.
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во моментов работат на расчистување на снегот на следните улици и булевари:
– Во општината Центар: ВМРО, Димитрија Чуповски, 11-ти Октомври, Мајка Тереза, Кочо Рацин и Партизанска.
– Во општината Карпош: бул. Партизански одреди.
– Во општината Кисела Вода: Потегот од 11-ти Октомври до Градската болница и бул. Борис Трајковски.
-Во општината Аеродром: булеварите Јане Сандански и Кузман Ј. Питу.
-Во општината Чаир: булеварите Втора македонска бригада, Христијан Т. Карпош, Крсте Мисирков и Цветан Димов и улиците Кемал Сејфула и Џон Кенеди.
– Во општината Бутел: улиците Кемал Сејфула, Александар Урдаревски, Босна и Херцеговина.
– Во општината Гази Баба – булеварот Александар Македонски и улица Коце Металец.
-Во општината Ѓорче Петров – улицата Ѓорче Петров.
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ од механизацијата користат четири мотокултиватори, четири трактори, едно специјално возило „хијета“, едно специјално возило „пјаџо“,едно специјално возило „аванти“, како и две патарки за расфрлање на сол.
Во чистењето на тротоарите и јавните површини активни се и екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, каде изминатиов период од ова претпријатие се ангажирани 90 работници и механизација.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.