(ФОТО) Се фотографирал со телото на Марадона во ковчег и кренат палец, сега е најомразената личност во светот

Диего Молина е името на во моментов најомразениот човек на светот.

Вработен во мртовечница во Буенос Ајрес објавил фотографија со телото на Диего Марадона во ковчег.

Притоа се фотографирал со кренат палец нагоре, кој главно значи одобрување и десната рака на главата на славниот фудбалер, како да сакал нешто со тоа да порача.

Не се чекало долго на реакција на надлежните. Диего кој секако се посрамотил себеси, добил отказ.

Неговото име го открил адвокатот на Марадона, Матијас Морла.

„Диего Молина е идиотот кој се фотографираше покрај ковчегот на Диего Марадона. Во сеќавање на својот пријател, нема да запрам додека не платите за овој чин“, рекол Морла.